Готска Санден
остров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Готска Санден (швед. Gotska Sandön) е ненаселен остров на Шведска во Балтичкото Море. Сместен е 38 км северно од островот Форе. Долг е околу 9 км, а широк е околу 6 км. Зафаќа површина од приближно 36 км2.
Кратки факти Национален парк Готска Санден, Место ...
Национален парк Готска Санден | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Поглед на источното крајбрежје од светилникот. | |
Место | Готланд, Шведска |
Најблизок град | Форесунд |
Координати | 58°22′N 19°15′E |
Површина | 4,9 км2, од кои 8,42 км2 се вода.[1] |
Воспоставен(а) | 1909, проширен во 1963 и 1988[1] |
Управно тело | Служба за заштита на природата |
Затвори
Готска Санден претежно се состои од песокливо земјиште, со плажи, дини и борови шуми. Името „Готска Санден“ во буквален превод значи „готландски песоклив остров“. Во 1909 островот е прогласен за национален парк. Освен колонијата од сиви фоки, вишата фауна не е особено богата. Меѓутоа на островот изобилува разновидни инсекти и растенија, вклучувајќи неколку вида на орхидеи. Во текот на летото се организираат редовни тури со брод што поаѓаат од Форе и Нинесхамн.
- Воздушна снимка на островот
- Северното крајбрежје
- Плажа на островот