Градишор (Милетково)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градишор - Мрамор — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба и некропола од раноантичкото и римското време.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градишор“ | |
Поглед кон Градишор | |
Местоположба | 41°16′47″N 22°28′29″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Милетково |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | раноантичко време |
римско време | |
Портал „Археологија“ |
Затвори
На 1,5 км јужно од селото, на десниот брег на Вардар, спроти наоѓалиштето Исар во Марвинци, во нивите на П. и Н. Митреви, што се наоѓаат на големо зарамнето флувијално плато со површина од околу 2,5 хектари, се гледаат темели од објекти, а по површината има множество фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси и градежен материјал. Во профилот пресечен со изградбата на железничката пруга Скопје-Гевгелија се гледаат гробни конструкции градени од камени плочи од типот на циста.[1]
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.