Градиште (Косел)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Косел. Претставува утврдена населба од бронзеното време.
Повеќе информации Основни податоци ...
„Градиште“ | |
Местоположба | 41°10′27″N 20°50′22″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Косел |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ |
Затвори
Североисточно од селото, над селските куќи, од десната страна на патот за Ресен (А3) се издига рид со зарамнет врв на кој по рабовите можат да се следат траги од утврдување. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба фактура, рачно изработени.[1]
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.