Градиште (остров)
езерски остров во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градиште — мал остров во Тиквешкото Езеро[1] Сместен е во северниот дел на езерото, западно од селото Ресава[2] и содржи археолошко наоѓалиште од битно значење за подалечната историја на Тиквешијата. Денес наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.[3]
За други значења на поимот, погл. Градиште.