Грофчански мост
стар мост во Кратово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Грофчански мост (наречен и Гровчански мост) — историски камен мост преку Кратовска Река.[1][2] во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.[3]
Кратки факти Грофчански мост, Координати ...
Грофчански мост | |
---|---|
Поглед на Грофчанскиот мост | |
Координати | 42°04′41.6″N 22°10′52.3″E |
Преминува | Кратовска Река |
Место | Кратово |
Други називи | Гровчански мост |
Зашт. статус | културно наследство на Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 30 м |
Ширина | 4 м |
Висина | 8 м |
Распони | 2 |
Историја | |
Завршен | ран XVIII век |
Местоположба | |
Затвори
Мостот е изграден на почетокот на XVIII век од богатото кратовско семејство Грофчански, кое се доселило од Мала Азија.[4] Се наоѓа на околу 70 метри од Чаршискиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по градската чаршија.[2] Сместен е меѓу Чаршискиот и Сарајскиот мост и ја поврзува Ајдучката чаршија со десниот брег на Кратовска Река. Грофчанскиот мост е една од главните патни артерии во градот. Долг е 30 м, широк е 4 м и се издига на висина од 8 м.[1] Изграден е од камен и има два свода. Големиот свод има димензии од 6 × 9,20 м, а малиот е голем 0,80 × 2 м.[2]