Чаршиски мост
стар мост во Кратово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чаршиски мост (наречен и Царски мост) — историски камен мост преку Кратовска Река во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]
Кратки факти Чаршиски мост, Координати ...
Чаршиски мост | |
---|---|
Поглед на Чаршискиот мост | |
Координати | 42°04′43.1″N 22°10′54.6″E |
Преминува | Кратовска Река |
Место | Кратово |
Други називи | Царски мост |
Зашт. статус | културно наследство на Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1804 |
Местоположба | |
Затвори
Мостот е изграден во 1804 година. Реновиран е во 1933 година. Се вбројува меѓу симболите на градот и стои претставен на грбот на Општина Кратово.[2] Се наоѓа на околу 70 метри од Грофчанскиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по Ајдучката чаршија.
Изграден е од камен и има еден свод со големина од 0,90 × 2 м.[3]