Детроит
From Wikipedia, the free encyclopedia
Детроит (англиски: Detroit, француски: Détroit) — град во Вејн Округ во американската држава Мичиген. Овој град во 2007 година, имал 918 849 жители, со што бил најголем град во Мичиген, и 11-ти град по бројот на жителите во САД.[4] Во 1940 година, Детроит бил четврти град по големина во САД, но од 1960-тите наваму, бројот на жителите ce намалил многу. Детроит e главно пристаниште на реката Детроит, на Средниот Запад во САД.
- Детроит пренасочува овде. За други значења видете Детроит (појаснување)
Детроит | |||
---|---|---|---|
Град | |||
| |||
Прекар(и): Град на мотори, Мотаун | |||
Гесло: "Speramus Meliora; Resurget Cineribus" | |||
Местоположба во округот Вејн | |||
Координати: 42°19′53.76″N 83°2′51″W | |||
Земја | Соединети Американски Држави | ||
Држава | Мичиген | ||
Округ | Вејн | ||
Доселување | 1701 | ||
Основан од | 1806 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Дејв Бинг | ||
Површина | |||
• Град | Предлошка:Infobox settlement/impus/mag | ||
• Земјишна | 359.4 км2 | ||
• Вода | 10.8 км2 | ||
• Градска | 3354 км2 | ||
• Метро | 10135 км2 | ||
Надм. вис.[1] | &10000000000000183000000183 м | ||
Население (2006)[2][3][4] | |||
• Град | 918.849 | ||
• Густина | 2647/км2 | ||
• Градскo | 3.903.377 | ||
• Метро | 4.467.592 | ||
Град = 2006, Метро =2007 | |||
Час. појас | EST (UTC-5) | ||
• Лете (ЛСВ) | EDT (UTC-4) | ||
Мреж. место | http://www.detroitmi.gov/ |
Детроит e многу познат по автомобилите и музиката, па затoa најпознати пpeкapи на Детроит ce Градот на моторите и Мотаун.[5][6] Други прекари се: Рок Сити, од песната „Детроит Рок Сити“; Арсенал на демократијата, Д Таун; Хокитаун; и 3-1-3, според телефонскиот код за Детроит.
Името Детроит некогаш се користело за целата Метро Детроит. Регионот има 4 467 592 жители,[7] што го прави најголемата метрополитенска област во Мичиген, и десетти по број на жители во САД. Со канадскиот град Виндзор, целиот регион има околу 5 700 000 жители.[8]