Долина на кралевите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Долина на кралевите (арапски: [وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help); „Капија на кралот“)[1] — долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од XVI век п.н.е. до XI век п.н.е. се закопувани кралевите и други благородници на Стар Египет (од Осумнаесетта до Дваесетта династија).[2][3] Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).[4]
Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година,[5] долината има 62 гроба и комори.[6] Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.
Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“[7]).