Е3 Харелбеке 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Е3 Харелбеке 2012 било 55. издание на еднодневната велосипедска трка Е3 Харелбеке.[1] Била одржана на 23 март на растојание од 203 километри и била шеста трка од сезоната 2012 на светската турнеја. Е3 Харелбеке првпат била одржана како настан на светската турнеја,[2] откако претходно била одржувана како трка од прва екстра категорија во Европска турнеја на UCI.[3] Како дел од напредувањето во Светската турнеја, трката морала да биде префрлена во петок, наместо како што се одржувала во сабота; потегот бил со цел да им даде простор на возачите пред следниот настан од Светската турнеја, Гент-Вевелгем.[4]
Светска турнеја на UCI 2012, трка 6 од 28 | |||
Рута на Е3 Харелбеке 2012 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 23 март | ||
Растојание | 203 км | ||
Време | 4ч 51' 59" (25.920 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Том Бонен (Белгија) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | Оскар Фреир (Шпанија) | (Катјуша) | |
Трет | Бернхард Ајзел (Австрија) | (Тим Скај) | |
← 2011 2013 → |
Во масовната спринтерска завршница, трка била освоена од возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[5] кој со ова, станал најуспешниот возач во историјата на трката; негова петта победа – по претходно освоените четири победи во периодот помеѓу 2004 и 2007 – во Харелбеке го презел рекордот со четири победи, кој го делел со блискиот белгискиот возач Рик ван Лој.[6] Бонен завршил пред возачите на Катјуша Оскар Фреир и на Тим Скај Бернхард Ајзел, кој го комплетирал подиумот.[7]