Европска престолнина на културата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Европска престолнина на културата — град назначен од Европската Унија за период од една календарска година, во која се организираат серија културни настани со силна европска димензија.
Подготовката за европска престолнина на културата може да биде можност за градот да стекне значителни културни, општествени и економски користи и може да помогне во урбаната регенерација, менувањето на градскиот углед и подигнување на неговата видливост и профилот на меѓународната сцена.
Во 1985, поранешната глумица Мелина Меркури, тогашна грчка министерка за култура и нејзиниот француски колега Жак Ланг дошле до идеја за одредување годишен град на културата со цел донесување истакнување на богатството и разновидноста на европските култури и подигнувањето на свеста за нивнита заедничка историја и вредности.
Комисијата на Европската Унија управува со насловот и секоја година Советот на министри на Европската Унија формално назначува европска престолнина на културата: повеќе од 40 градови досега се назначени.
Меѓународна комисија на културни експерти е задолжена за оценување на предлозите од градовите за титулата во согласност со критериумите одредени од Европската Унија.
Студија од 2004 година од Роберт Палмер за Европската комисија, покажала дека изборот на европска престолнина на културата служи како катализатор за развојот на културата и трансформацијата на градот.[1] Како резултат на тоа, корисниот социо-еконоски развој и влијание за избраниот град сега се смета во одредувањето на избрани градови.