Емин Махмуд џамија
џамија во Охрид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Емин Махмуд џамија (или Чингене џамија) — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2]
Емин Махмуд цамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Основни податоци | |
Место | Охрид, Македонија |
Координати | 41°7′4.4″N 20°47′31.7″E |
Припадност | сунитски ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски |
Завршен | XVIII век |
Особености | |
Минариња | 1 |
Прогласен за | културно наследство на Македонија |
Џамијата е сместена Воска амамот во населбата Воска, на стариот пат за Струга, денес улица „Гоце Делчев“.[1] Датира од XVIII век.[3]
Градбата има неправилна осумаголна основа, при што секој ѕид има различна должина. Покривот е од ќерамиди на осум води, а од внатрешната страна има слепа купола. На северната фасада подоцна е дограден трем. Минарето е на северозападниот агол и до него се доаѓа од внатрешноста преку влезови од молитвениот простор и од махвилот. Постаменотот на минарето е направен од обработени камени блокови, а телото е изработено од тули. Целото минаре е малтерисано. И самата џамија е изградена од камен, а потоа малтерисана. Шерефето на минарето има проста метална ограда.[1]
Михрабната ниша е обична, минберот е дрвен, а махвилот ја опфаќа целата ширина на северниот ѕид. Осветлена е со прозорци поставени во два реда на секоја страна, со исклучок на страните каде се поставени михработ и влезната врата. Во куполата има цветни украси, а околу прозорците, влезот и махвилаот има обраби.[1]