Ески амам (Охрид)
амам во Охрид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ески амам (во прев. Стара бања) — поранешен амам во градот Охрид. Ова е еден од двата зачувани амама во Охрид (заедно со Воска амам) и претставува значаен споменик на османлиската архитектура во градот, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]
Кратки факти Ески амам, Општи податоци ...
Ески амам | |
---|---|
Покривот на амамот | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | амам |
Стил | османлиски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Затвори
Амамот е сместен на бул. „Македонски Просветители“ бр. 1 (порано „Борис Кидрич“), денес во склоп на трговскиот центар „Амам“ наречен по него. За споменик на културата е прогласен на 28 март 1968 година.[2][3]