ЖРК СЧМ Рамнику Валча
женски ракометен клуб од Романија / From Wikipedia, the free encyclopedia
ЖРК СЧМ Рамнику Валча е женски ракометен клуб од Рамнику Валча, Романија. Моментално се натпреварува во романската прва лига Лига Национала.
СЧМ Рамнику Валча | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Сосиетате Клуб Муничипал Рамнику Валча | ||
Основан | 2013 | ||
Игралиште | Спортска сала Трајан, Рамнику Валча | ||
Приемност | 3.126 | ||
Престедател | Петре Бербечару | ||
Главен тренер | Флорентин Пера | ||
Лига | Лига Национала | ||
2018–2019 | 1ви | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Првично наречен РК Олентија, клубот се смета за наследник на Олчим Рамнику Валча, клуб кој бил основан во 1973 година и кој бил распуштен поради финансиски проблеми. СЧМ Рамнику Валча игра во Лига Национала од сезоната 2013-2014. Бидејќи времето до крајот на аплицирањето за учество во Лига Национала било многу кратко, акционерите на новиот клуб од Валча се свртеле кон веќе постоечката спортска структура РК Олтенија, а потоа го смениле името на клубот во денешното Рамнику Валча.[1] Така, на 1 јули 2013 година, непосредно пред крајниот рок, клубот Олчим Ремнику Валча аплицирал за учество во Лига Национала и најавил дека ќе ја предаде лиценцата на РК Олтенија.[2] Откако се пријавиле, било објавено дека новиот клуб Валча ќе го смени своето име во ХКМ Рамнику Валча.[2][3] На 15 јули 2013 година, ХЧМ Рамнику Валча ја добил уставната судска одлука со која му било дозволено завршување на процедурите за регистрација под ова име во најсилната лига на Романија во ракомет за жени, наместо под името ЧС Олчим.
Подоцна, во летото 2018 година, ХЧМ Рамнику Валча го променила своето име во СЧМ Рамнику Валча, со што влегле во организација на градското собрание.