Журчевски манастир
манастир во селото Журче / From Wikipedia, the free encyclopedia
Журчевски манастир — средновековен манастир во областа Железник во југозападниот дел од Македонија.[1] Манастирот се наоѓа во близина на селото Журче, од каде што и произлегува неговиот назив. До него води асфалтен пат во должина од 3 километри од селото.[2]
Кратки факти Информации, Целосно име ...
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Журчевски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Атанасиј Александриски“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | XVII век |
Посветен на | Свети Атанасиј |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Атанасиј“ |
Личности | |
Основач (и) | Петар Велков |
Место | |
Место | во близина на селото Журче, Општина Демир Хисар Македонија |
Координати | 41°17′05″N 21°05′31″E |
Видливи остатоци | 1 црква |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Слепчанска парохија) |
Затвори
Во минатото, во манастирот била развиена и просветно-книжевната дејност, така што во конаците имало библиотека во којашто се творела богослужбена литература, а библиотеката исто така имала улога и на училиште. Во склоп на манастирот денес се наоѓаат манастирската црква и конаците, а во него е развиен и монашкиот живот.