Зрзески манастир
манастир во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зрзески манастир (се среќава и како Зрзенски манастир или Зрзевски манастир) или манастир „Св. Спас[1][2] — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Зрзе.[3] До него се пристигнува по асфалтен пат којшто поминува низ прилепските села Ропотово, Пешталево, Костинци и Зрзе.[4] Манастирот е прогласен за споменик на културата. Тој е епископско седиште на хераклејскиот епископ Климент.[5]
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Зрзенски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Преображение“ Манастир „Св. Спас“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Никола |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Преображение“ Црква „Св. Петар и Павле“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Зрзе, Општина Долнени Македонија |
Координати | 41°31′17″N 21°20′30″E |
Видливи остатоци | две цркви, конаци, ѕвоно, чешми, стопански и помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Долненско-секиречка парохија) |
Манастирот најверојатно бил изграден некаде во XIV век од монахот Герман за време на владеењето на српскиот цар Стефан Душан, што е поткрепено со натписот сместен на надворешниот ѕид од јужниот влез на главната манастирска црква.[5] Првобитната манастирска целина зафаќала површина од околу 7.000 м2. Таа имала утврдени ѕидини и одбранбени кули, а нивниот распоред е забележлив и во денешниот изглед на манастирот кој е со помала површина.[6] Денес, манастиската целина ги вклучува црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“, а како негов метох се јавува и црквата „Св. Никола“ во селото Зрзе.
Во манастирот има активен монашки живот, а откриено е постоење на средновековна монашка населба којашто со сигурност броела 48 функционални целини, познати како испосници, тихувалишта, платоа за општење и сл., како и делови од уште 17 објекти.[7]