Игра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Игрите се рекреативни активности што вклучуваат еден или повеќе играчи. Една игра може да се дефинира според:
- А. целта што играчите се обидуваат да ја постигнат
- Б. одреден сет на правила што одлучуваат што играчите можат а што не можат да прават.
Игрите постојат главно за забава и уживање, но исто така тие можат да имаат и образовна или симулативна улога. Во тој поглед, во својот роман „Браќа Карамазови“, рускиот писател Фјодор Достоевски ја дефинира играта како „уметност, во никулец, потреба за уметност уште во зачеток, во младата душа“.[1]
Игрите можат да вклучуваат еден играч што дејствува сам или два или повеќе играчи што дејствуваат соработнички. Повеќето вклучуваат натпревар меѓу два или повеќе играчи. Преземајќи дејство што спаѓа надвор од правилата општо земено претставува фаул или мамење.