Алах
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алах (арап. <span=2 style="font-size: 15pt">الله, ʔalˤːɑːh, изговорⓘ) — арапскиот збор за „Бог“.[1] Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и христијаните и Евреите.[1][2][3] Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот создател, веројатно врховниот бог во Предисламска Арабија.[4]
Концептите поврзани со зборот Алах (како божество) се разликуваат од предание до предание. Во Предисламска Арабија кај Арапите-многубошци, Алах не бил единствениот Бог, туку тој имал соработници и придружници, ќерки и синови — замисла која во огромна мера се коси со исламот. Во исламот, Алах е врховно и сеопфатно божествено име. Сите други божествени имиња се сметаат дека се имиња на истиот еден и единствен Бог.[5] Алах е уникатен, единствен Бог, трансцендентен создател кој е семоќен.[1][2] Денешните арапски христијани, не мајќи друг збор за 'Бог' освен Алах,[6] употребуваат поими како Алах ел-Аб (الله الآب) "Бог-Отецот". Постојат сличности и разлики помеѓу концептите за Бог во Куранот и Стариот завет.
Уникод има кодно место резервирано за Алах, ﷲ = U+FDF2.[7] Многу арапски фонтови имаат специјални лигатури за Алах.[8]