Аврамски религии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аврамските религии (збирен поим: аврамизам) — група религии кои водат потекло од јудаизмот на старите Израелци и обожавањето на Богот на Авраам. Аврамските религии се монотеистички, наречени така според Авраам (голема фигура опишана во Танахот и во Куранот, признаена од Евреите, христијаните, муслиманите и други).[1] Трите големи религии своето потеклото го наоѓаат во двата сина на Авраам. За Евреите и христијаните тоа е неговиот најмлад син Исак и за муслиманите, неговиот најстар Исмаил.
Аврамските религии се прошириле на глобално ниво преку прифаќањето на христијанството од страна на Римската Империја во IV век и исламот од исламските империи од VII век. Денес аврамските религии се една од најголемите поделби во компаративната религија (заедно со религиите од Индија, Иран и Источна Азија ).[2] Најголемите аврамски религии по хронолошки редослед на основање се јудаизмот (основата на другите две религии) во VII век пр.н.е.,[3] христијанството во I век од н.е., и исламот во VII век од н.е.
Христијанството, исламот и јудаизмот се аврамски религии со најголем број приврзаници.[4][5][6] Аврамските религии со помалку приврзаници ја вклучуваат друзиската вера [7] (понекогаш се смета за дел од исламот),бахаизмот и растафаријанството .[8][9]
Од 2015[update] , се проценува дека 55.5% (3.8 милијарда луѓе) од вкупната популација на светот се припадници на аврамските религии. Христијани се декларираат 31.2% од светската популација, Исламот има 24.1%, а јудаизмот 0.2%[10][11][12]