Куран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кура́н или Коран (арапски أَلْقُرآن, al-qurʾān, со буквален превод „рецитирање“) — централен религиозен текст за кој муслиманите веруваат дека е последната објава од господ (Алах).[1] Куранот се смета за најдобро дело во класичната арапска литература[2][3][4][5]. Куранот е поделен на поглавја (сура на арапски), кои потоа се поделени на стихови (ајет на арапски).
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Муслиманите веруваат дека Коранот господ (Алах) го објавил на Мухамед преку ангелот Габриел (Џибрил)[6][7], постепено во период од околу 23 години, почнувајќи од 22 декември 609 година од н.е.[8], кога Мухамед бил 40 години, и завршувајќи во 632 година, година на неговата смрт[1][9][10]. Муслиманите го сметаат Куранот како едно од најголемите чуда на Алах (господ) и воедно како доказ за пророштвото на Мухамед бидејќи тој не знаел да пишува и чита. кулминација на серија божествени пораки што започнале со пораките што им ги открил од пророкот Адам а.с и истите завршуваат со Мухамед[11]. Зборот „Куран“ се појавува околу 70 пати во содржината на Куранот, иако за различни имиња и зборови се вели дека се наводи на Куранот[12].
Според традиционалниот наратив, неколку придружници на Мухамед служеле како книжници и биле одговорни за запишување на откровението[13]. Кратко по смртта на Мухамед, Куранот бил составен од неговите придружници, кои запишале и меморирале делови од него[14]. Овие кодекси имале разлики што го мотивирал халифот Утман да воспостави стандардна верзија, денес познат како Утманов кодекс, кој генерално се смета за архетип на Куранот. Сепак, постојат варијанти на читања, со претежно мали разлики во значењето[13].
Куранот претпоставува блискост со главните наративи што се раскажуваат во библиските списи. Тој во одреден степен ги сумира некои настани а во некои случаи претставува алтернативни толкувања на настаните[15][16][17]. Куранот се опишува себеси како книга на водство за човештвото 2:185. Понекогаш нуди детални извештаи за конкретни историски настани и често го нагласува моралното значење на некој настан над наративната секвенца[18]. Коранот се користи заедно со автентичен и сигурен хадис да го протолкува шеријатскиот закон[19]. За време на молитвите, Куранот е рецитиран само на арапски јазик[20].
Некој кој го запаметил целиот текст од Куранот се нарекува хафиз. Куранскиот стих (ает) понекогаш се рецитира со посебен вид елокуција, резервирана за оваа намена, наречена таивид. За време на месец Рамадан, муслиманите обично го завршуваат рецитирањето на целиот Куран за време на молитвите на тарави. Со цел да се екстраполира значењето на одреден курански стих, повеќето муслимани се потпираат на егзегеза, или тафсир[21].