Камен мост (Тетово)
стар мост во Тетово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Камен мост (или Мост на топчиите) — стар мост на реката Пена во центарот на Тетово.[1] Прогласен за културно наследство на Македонија.[2]
Кратки факти Камен мост, Координати ...
Камен мост | |
---|---|
Камениот мост | |
Координати | 42°00′19.7″N 20°58′08.1″E |
Преминува | Пена |
Место | Тетово |
Други називи | Мост на топчиите |
Зашт. статус | културно наследство на Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Ширина | 2 м |
Висина | 6 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | XV – XVI век |
Местоположба | |
Затвори
Нема зачувани писмени сведоштва за времето на изградба на мостот. Според градежната техника се претпоставува дека е подигнат на крајот од XV или почетокот на XVI век. Сводот е направен од одлично обработен бигор, а фугите се пополнети топено олово. Виок е 6, а широк 2 м. Дело е на месни тетовски мајстори.[1]