Капан ан
ан во Скопје, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Капан ан — деловен и угостителски објект и поранешен ан и караван-сарај во Скопје, којшто е сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Изграден е по наредба на Иса-бег во втората половина на XV век, а како ан работел до Втората светска војна.[1] По обновувањето во 1974 година се користи како објект за деловни и угостителски цели.