Караѓулевци (Охрид)
древномакедонска гробница во Охрид / From Wikipedia, the free encyclopedia
Караѓулевци — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува гробница од древномакедонско време, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
„Караѓулевци“ | |
Затворениот премин на гробницата | |
Местоположба | 41°6′53.0″N 20°47′36.3″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
Портал „Археологија“ |
Гробницата е пронајдена во Горни Сарај, во непосредна близина западно од Античкиот театар. Се состои од засводен дел со скалила, дромос, преткомора и комора. Датира од периодот на IV – III век п.н.е. Откриена е во XIX век, кога најверојатно е и ограбена.[1] Проучена е при ископувањето во 1994 - 1996 година извршено од Филозофскиот факултет во Скопје и Музејот на Охрид под ръаководство на Вера Битракова-Грозданова, Владо Маленко, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман.[2]
На 8 април 1998 година е прогласена за споменик на културата под името Античка гробница „Караѓулевци“.[3]
Германскиот јазичар Густав Вајганд во 1894 г. напишал за гробницата (која погрешно ја сметал римска):
„ | Треба да се забележи еден римски гроб, кој Хан очигледно не можел да го дознае. Тој гроб е откриен во куќата на господинот Никола Караѓула пред 40 години. Од подрумот на таа куќа преку една дупка се стасува до едно ходниче кое води до некогашната улица што минува крај езерото. Подоцна таа улица е затворена и на неа се изградени куќи. Една врата,[4] направена од песочник, води од галеријата, која е висока 1,5 м, кон гробот. Ѕидовите на гробот се малтерисани и бојадисани со помпејска црвена боја, и оваа боја е добро зачувана: Гробницата е висока 3 м, широка 2 м и долга 3,5 м. Ѕидовите се мазни и без слики или натписи, а само на западниот ѕид се забележуваат некои нацртани орнаменти. При откривањето на гробот се најдени три ковчега, и колку и да се трудев, не успеав да дознаам што станало со нив.[5] | “ |