Кожичка на пенис
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кожичка на пенис или препуциум — двоен кожен набор од мазно мускулно ткиво, крвни садови, кожа и слузница кои ја прекриваат главата на пенисот. Кожичката на пенисот ги заштитува главата на пенисот и надворешниот отвор на мочниот меур кога пенисот не е во ерекција. Кожичката е подвижна, многу еластична и делува како природен подмачкувач.
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
Кожичка на пенис | |
---|---|
Кожичка која e повлечена наназад и нанапред. Видливост на главата на пенисот при повлекување на кожичката. | |
Податоци | |
Претходник | генитална туберкула, урогенитални набори |
Артерија | дорзална артерија на пенис |
Вена | површинска вена на пенис |
живец | дорзален нерв на пенис |
Назнаки | |
Латински | Praeputium |
MeSH | A05.360.444.492.362 |
TA | A09.4.01.011 |
FMA | FMA:19639 |
Обично, кожичката е повлечена врз главата на пенисот. Покриеноста на главата во мека и ерективна состојба зависи од должината на кожата.[1] Кожичката е прикачена на главата и во детството обично не се влече наназад.[2] Возраста на која детето може да ја повлече кожичката и да ја открие главата варира, но според истражувањата 95% од мажите биле во можност да ја повлечат кожата во возрасната доба.[3] Неможноста да се повлече кожичката во детството може да се смета за проблем освен ако нема други симптоми.[4]
Светската здравствена организација дебатира за практичната функција на кожичката. Според нив, кожата ја „чува главата влажна, го заштитува развојот на пенисот и го зголемува сексуалното задоволство поради присуството на нервните завршетоци“.[5]
Кожичката може да стане предмет на бројни патолошки состојби.[6] Повеќето состојби се ретки и лесно се лечат. Отстранувањето на кожичката поради медицински, религиски или културни причини се нарекува обрежување.