Крстоарски манастир
From Wikipedia, the free encyclopedia
Крстоарски манастир „Свети Христофор“ – православен манастир во близина на битолското село Крстоар, дел од Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Манастирот се наоѓа 1 км југозападно над селото Крстоар и околу 6 км од Битола.[1] До манастирот може да се пристигне и од соседното село Буково од каде преку црквата „Воведение на Пресвета Богородица“, води пешачка патека. [2]
Кратки факти Информации, Манастир на: ...
Поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1837 |
Посветен на | Св. Христофор |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Свети Христофор“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Крстоар, Општина Битола, Македонија |
Координати | 40°59′22″N 21°20′29″E |
Видливи остатоци | порта, црква, конаци, чешма |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Буковска парохија) |
Затвори