Кумани
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кумани (Половци) — номадски племиња од туркиско потекло. Се смета дека името Куман потекнува од „kõk-män“, што значи „синоок човек“. Така, старите Руси ги нарекувале Куманите со името Половци, а на староруски јазик зборот „половый“ значи син.[1] Во XI век се доселиле од Азија во Европа, населувајќи ги јужноруските степи од Урал до Днепар (претежно меѓу реките Волга и Днепар)[2] и териториите во долниот тек на Дунав. Половците живееле поделени во помали племиња на чие чело биле ханови. Како византиски сојузници, учествувале во битката против Печенезите кај Левунион (1091). Потиснати од Монголците (1230), се повлекле во Унгарија, Бугарија и Византија.
Во 11 век упаѓале и на територијата на Македонија со цел вршење грабежи. Подоцна, дел од нивните потомци биле иселени, а остатокот претопени со останатото население. Никејскиот цар Јован III Ватац ги населувал како стратиоти во Тракија, во Македонија и во Мала Азија. Се смета дека по Куманите го добиле своето име градот Куманово и селата Куманичево, Tиквешко и Куманичево, Костурско.[3]
Посебна улога Куманите одиграле во формирањето и управувањето на Второто Бугарско Царство, особено во востанието на браќата Петар и Асен (1185). Во ова царство, голем број припадници на владеачката класа биле Кумани.[4]