Кутлеш
село во Берско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кутлеш (грчки: Βεργίνα, Вергина) — гратче во Егејска Македонија, по долното течение на река Бистрица, околу 80 км југозападно од Солун, во областа Централна Македонија, Грција. Денес местото има 1.246 жители и е изградено на подрачјето на древномакедонската престолнина Ајга. Денешниот грчки назив за „Вергина“ е воведен по 1922 година на предлог на митрополитот од Бер според легендарна кралица од античка Вероја. По Лозанскиот договор, кога се извршило масовно населување со бегалци од Мала Азија и соседните области, наречени од месното население Маџири. Тогаш од поранешните две мали села - Кутлеш и Барбеш кои дотогаш биле беговски имот со само 25 семејства, властите оформиле една населба во која сместиле 131 грчко семејство со потекло од Бугарија и Мала Азија. Ова било практика во цела Егејска Македонија каде за сметка на месното делумно протерано македонско православно и целосно прогонетото муслиманско, како и турско и друго население.[2]