Лазаристи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Лазаристите во Македонија биле членови на Лазаристичката мисија, основана во Истанбул во 1776 г. со цел да се пропагира католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Лазаристите ја ширеле и идејата за унија со католичката црква. Во Македонија основале мисии во Солун (1854) и во Битола (1856), при што и била изградена католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ и бил основан црковен хор. Лазаристичкото училиште на француски јазик, субвенционирано од француската влада, стекнало особено голема популарност.[1]
- Оваа статија е за религиозно движење. За македонското преродбеничко движење видете лозарско движење.
Странски пропаганди во Македонија |
---|
Идејата за создавање на Лазаристичка мисија потекнува од Св. Винсент де Пол за време на неговата служба како капелан на богатото семејство на Гонди во почетокот на XVII век. Двата главни проблеми на црквата во Франција во тоа време, Свети Винсент ги сметал за ниското ниво на образование и религиозноста меѓу најсиромашните сегменти на општеството, особено на селаните, како и ниското ниво на образование и побожност помеѓу свештенството. Решавање на овие два проблеми и станува главна задача на овој католички ред создаден во 1624.