Латинска Црква (Џепчиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Латинска Црква — археолошко наоѓалиште во тетовското село Џепчиште. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 500 м северно од селото, на мало зарамнето плато на падините на Шар Планина, каде се наоѓаат остатоци од црква околу која има големи камени плочи од гробни конструкции. Жителите наоѓале во гробовите железни орудија кои сега се во Музејот на Македонија во Скопје. Според преданието, црквата била посветена на Благовештението.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Латинска Црква“ | |
Местоположба | 42°1′58″N 21°0′0″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Џепчиште |
Општина | Тетово |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Затвори