Лиеж (покраина)
покраина во Белгија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Лиеж (француски: Liège; валонски: Lîdje; холандски: Luik; германски: Lüttich) - најисточната покраина на Валонија и Белгија.
Лиеж Liège (француски) Lüttich (германски) Luik (холандски) Lîdje (валонски) | |||
---|---|---|---|
Покраина во Белгија | |||
Држава | Белгија | ||
Регион | Валонија | ||
Главен град (и најголем град) | Лиеж | ||
Управа | |||
• Гувернер | Ерве Жамар | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 3.857 км2 (1,489 ми2) | ||
Население (1 јануари 2019)[2] | |||
• Вкупно | 1.106.992 | ||
• Густина | 290/км2 (740/ми2) | ||
ИЧР (2018) | 0,886[3] многу висок · 9. | ||
Мреж. место | Официјално семрежно место |
Се граничи (во насока на стрелките на часовникот од север) со холандската провинција Лимбург, германските покраини Северна Рајна-Вестфалија и Рајна-Пфалц, Дикирх во Луксембург, белгиските валонски провинции Луксембург, Намир и Валонски Брабант и белгиските фламански (холандски говорни) провинции Фламански Брабант и Лимбург.
Дел од најисточната област на покраината, кој се граничи со Германија, е германски говорниот Ojпен-Малмеди, кој станал дел од Белгија по Првата светска војна.
Главен и најголем град во покраината е истоимениот град Лиеж. Површината на покраината изнесува 3.857 квадратни километри, а населението заклучно со јануари 2019 година изнесувало 1.106.992 жители.[4]