Македонка, споменик на Револуцијата
композиција на споменици во Куманово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонка, споменик на Револуцијата ― комплекс споменик кој се наоѓа на Плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово. Споменикот е дело на Коста Ангели Радовани и неговиот соработник Маријан Хаберле. Комплексот се состои од една статуа и три релјефи. Споменикот е со тематика од три периоди и тоа: Илинденскиот, Народноослободителната војна и социјалистичката изградба.[1] Споменикот е заведен како културно наследство на Македонија.[2]