Македонски Брод
град во Општина Македонски Брод / From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонски Брод (изворно и историски познат едноставно како Брод, од поимот брод — прегазлив дел од река) — гратче во западниот дел на Македонија. Се наоѓа во горниот тек на реката Треска и претставува воедно средиште на областа Поречје и истоимената општина. Од Кичево е оддалечен 27 километри во источен правец, а од Прилеп 37 километри во северозападен правец. Со Скопје е поврзано преку регионалниот пат Скопје-Македонски Брод со должина од 100 километри, кој поминува низ резерватот Јасен. Исто така, со главниот град е поврзано и преку градовите Кичево, Гостивар и Тетово, при што должината така изнесува околу 150 километри.
Македонски Брод | |||
---|---|---|---|
град | |||
Панорама на Македонски Брод | |||
Местоположба на Македонски Брод во Македонија | |||
Координати: 41°30′00″N 21°13′00″E | |||
Држава | Република Македонија | ||
Регион | Југозападен Регион | ||
Општина | Општина Македонски Брод | ||
Првпат споменат во | 1300 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Жарко Ристески (ВМРО-ДПМНЕ) | ||
Надм. вис. | &10000000000000585000000585 м | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 3.643 | ||
Демоним | Броѓани (мн.) | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) | ||
Повик. бр. | +389 048 | ||
Рег. таб. | MB | ||
Мреж. место | mbrod.gov.mk |
Македонски Брод е еден од помалите градови во Македонија. Тој се наоѓа во Поречката област и претставува нејзин административен и општински центар. Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска. Оттаму произлегло и неговото име Брод.
На местото на денешниот град, над водите на Треска постоел еден мост што ги поврзувал градовите Прилеп и Кичево. Мостот меѓу народот бил познат под името Брод.[1]