Македонски парламентарни избори (2008)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.
На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.
На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.