Маловиште
село во Општина Битола / From Wikipedia, the free encyclopedia
Маловиште (познато и како Маловишта) — село во Општина Битола, на 20-ина километри од градот. Тоа е планинско село, на подножјето на Баба Планина и е единствената населба во границите на Националниот парк Пелистер. Во Маловишта живеат околу 100 жители, додека за време на викендите преминува и 500.
Маловиште | |
Куќи во Маловиште | |
Координати 41°1′59″N 21°7′50″E | |
Општина | Битола |
Население | 50 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 02076 |
Надм. вис. | 1695 м |
Маловиште на општинската карта Атарот на Маловиште во рамките на општината | |
Маловиште на Ризницата |
Маловишта е својствено село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Во средиштето на селото се издигнува црквата „Св. Петка“, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во средиштето има јавна градба каде што е поставена изложба за традиционалната култура на селото.