Марк Видука
австралиски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Видука (роден на 9 октомври 1975 во Мелбурн) — поранешен австралиски фудбалер со хрватско потекло, кој играл на позицијата напаѓач.
Марк Видука | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Марк Антони Видука[1] | ||
Роден на | 9 октомври 1975(1975-10-09) (48 г.) | ||
Роден во | Мелбурн, Австралија | ||
Држава | Австралија | ||
Висина | &100000000000001880000001,88 м | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 2009 (33 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1995 | Мелбурн Најтс | 48 | (40) |
1995-1998 | Кроација Загреб | 84 | (40) |
1998-2000 | Селтик | 37 | (30) |
2000-2004 | Лидс Јунајтед | 130 | (59) |
2004-2007 | Мидлсбро | 72 | (26) |
2007-2009 | Њукасл Јунајтед | 38 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
1993-1995 | Австралија 20 | ||
1994-1996 | Австралија 23 | ||
1994-2007 | Австралија | 43 | (11) |
† Учества (Голови). |
Својата кариера ја започнал во родната Австралија играјќи за Мелбурн Најтс две години, а потоа се преселил на Европскиот континент каде најпрво настапувал во екипата на Динамо Загреб во Хрватска, земјата на потекло на неговите родители. Во 1998 година потпишал за шкотскиот Селтик, a оттаму во 2000 година се преселил во Премиер лигата на Англија каде му се приклучил на Лидс Јуанјтед. По испаѓањето на Лидс, Видука бил продаден на Мидлсбро каде одиграл три сезони, пред да се пресели во Њукасл Јунајтед, клуб во кој ја завршил играчката кариера по крајот на сезоната 2008-2009.
Видука бил репрезентативец на Австралија во периодот 1994-2007 во кој одиграл 43 натпревари и постигнал 11 гола за Сокеросите. Тој ја претставувал својата земја на Светското првенство 2006 во Германија, на кое бил капитен на репрезентацијата.
Во 2000 година Видука бил избран за Океански фудбалер на годината, а зад себе има оставено уште неколку рекорди: тој е рекордер по бројот на постигнати голови (8) во дресот на Мидлсбро во европските натпреварувања[2] и досега е австралиски играч кој постигнал најмногу голови (4) во УЕФА Лигата на шампионите.