Марк Нопфлер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марк Фројдер Нопфлер (англиски: Mark Freuder Knopfler, роден на 12 август 1949 ) е британски гитарист, пејач, текстописец, продуцент и филмски композитор. Марк Нопфлер е најпознат како гитарист, пејач и текстописец на британскиот рок бенд Дајар Стрејтс, којшто го основал во 1977 година со неговиот брат Дејвид. По распуштањето на Дајар Стрејтс во 1995 година, Нопфлер продолжил да снима и продуцира албуми како соло гитарист под свое име. Нопфлер повремено бил дел од други групи како што е Нотинг Хилбилис и има гостувано на делата од други артисти вклучувајќи ги: Јоан Арматрадинг, Чет Аткинс, Чеифтенс, Ерик Клептон, Данди, Вархолс, Боб Дилан, Брајан Фери, Џон Фогерти, Емилу Харис, Џеф Халеи, Јолс Холанд, Сони Ландрет, Фил Линот, Ван Морисон, Гери Раферти и Стили Ден. Исто така тој има продуцирано албуми за пејачите како Тина Тарнер, Боб Дилан, Вили Девил и Ренди Њуман. Негови музички партитуди се: Метроленд, Локален херој, Кал, Последниот излез за Бруклин, Кучето Ваг, класиката на Роб Рајнер и Принцезата невеста. Тој е еден од најпочитуваните гитаристи на современата рок ера кои свират со прсти и беше рангиран на 27 место на списокот на списанието Ролинг Стоунс на стоте најголеми гитаристи на сите времиња. Марк Нопфлер и Дајар Стрејтс до денес имаат продадено над 120 милиони албуми. Тој има три почесни докторати за музиката во Велика Британија.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |