Масло
вискозна течност / From Wikipedia, the free encyclopedia
Масло — вискозна течна хемиска супстанца, нерастворлива во вода, но растворлива во алкохол и етер.[1] Содржи големо количество на јаглерод и водород, а според физичките особини е запаливо и лизгаво. По потекло маслото може да биде животинско, растително или минерално. Постојат испарливи или неиспарливи масла.