Мачевски Чуки (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Мачевски Чуки — могили од римското време. Помеѓу селата Мачево и Смојмирово, од десната страна на селскиот пат и на околу 1 километар јужно од селото, пред мостот на Умленска Река се наоѓаат две могили. Првата могила е голема, со пречник во основата од околу 50 метри и височина од 5-6 метри и е подигната на мала рамнина. На 25 метри од неа е другата могила со пречник во основата од 18 метри и височина до 2 метри. При трасирањето и изградбата на новиот асфалтен пат могилата е прилично засечена на јужниот крај од каде биле извадени железни предмети и делови од опрема на кола (шини од тркала, спојници и сл.). Наодите не се зачувани.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Мачевски Чуки“ | |
Местоположба | 41°44′54″N 22°47′40″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Робово |
Општина | Пехчево |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Затвори