Могила на непобедените
споменичен комплекс во Прилеп, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Могилата на непобедените — меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот бил изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.
Могила на непобедените | |
---|---|
Могила на непобедените во Прилеп | |
Општи податоци | |
Град | Прилеп |
Земја | Република Македонија |
Почната | 1961 |
Сопственик | Општина Прилеп |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Богдан Богдановиќ |
Меморијалниот комлекс е составен од два дела: Заедничка гробница-крипта и спомен урни. Во едниот дел се подигнати мермерни урни, слични на античките. Најголемата урна со симбол на вечен пламен ја претставува непокорноста на македонскиот народ. Во вториот дел се наоѓа криптата - заедничката гробница, каде во мермерните плочи се вклесани имињата на паднатите борци, кои го положиле животот за ослободување на Македонија. Во периодот 2007-2008 комплексот бил целосно ревитализиран.[1]
Паркот на револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во спомен на своите паднати борци во НОВ од 1941-1945 година, во 1961 година во градот Прилеп го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамките на овој парк. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување на поголеми воени формации.
Автор на проектот е белградскиот архитект Богдан Богдановиќ. Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година. Во состав на споменичкиот комплекс Паркот на Револуцијата е и „Алејата на Народни херои“, откриена истата 1961 година. Во неа на мермерни постаменти поставени се бронзени спомен бисти од десетте загинати Народни херои од НОБ од Прилеп.
Кире Гаврилоски-Јане (1918-1944) Илија Игески-Цветан (1920-1944) Орде Чопела (1912-1942) Борка Талески (1921-1942). Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944) Мирче Ацев (1915-1943) Борка Велески-Левата (1912-1942) Рампо Левката (1909-1942) Лазо Филипоски-Лазовски (1918-1942) Круме Волнароски (1909-1944) [1]