Мода
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мода е општ термин за популарен стил, особено за облека, обувки, модни додатоци, шминка, или мебел. "Мода" се однесува на еден специфичен, но сепак,често вообичаено тренд во врска со тоа како изгледа и се облекува еден човек, како и преовладувањето на стиловите во однесување. "Мода" обично се однесува на најновите творби направени од страна на дизајнери а кои се купени само од страна на мал број на луѓе, меѓутоа, често оние "модаи" се преведени на повеќе основани трендови.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Одамнешните западни патувачи , без разлика дали во Персија , Турција или Кина често го забележувале отсуството на промената на модата таму и набљудувачите од другите култури коментрирале за несоодветната брзна на менуваше на Западната мода по што многумина почувствуваа нестабилност и недостаток на ред во Западната култура . Секретарката јапонка Шогун му се пофали (не е сосема точно) на Шпанскиот посетител во 1609 година дека јапонскиот стил на облека не е сменет веќе преку илјада години . меѓутоа вол Минг Кина , на пример има значителни докази за брзата промена на модата на Кинеската облека. Промената на костимите често зазема место понекогаш и во економската и во општествената промена (како во Стариот Рим и на средновековен Калифат), но потоа следи долг период без поголеми промени.
Следното нешто што се случи а го смени начинот на облекување беше технологијата . Со технологијата беше создадена машината за шиење и почна да се прави што поголемо прозивдоство. Како резултат на тоа , производството на облека стана полесно и поевтино , а исто така помогна и при порастот на еконимијата . Ова се случило во мавританска, Шпанија во текот на 8 век , кога познатиот музичар Зириаб се претставил себеси во модерен стил на облека чија основа биле секојднњвни и сезонски настани од неговиот роден град Багдад и неговата сопствена инспирација од Кордоба во Ал-Андалус. Зираб ја инспирираше облеката на мажите и жените, а некои луѓе дури и велат дека го инспирирал и начинот на кој тие ги украсувале нивните куќи. Мажот кој ја носеше својата коса долга и на патец , сега ја носи нагоре и околу неа стои круна . Облеката на мажите исто така се смени , на пролет носаат по светли бои и бујни , широки алишта на лето и крзнени шапки на зима . меѓутоа мажите не беа единствените кои биле инспирирани од неговата мода , жените носеле марами на кои имало извезено текстови од неговите песни . може да се види дека Зирав навистина допрел до срцата на Шпанците и знае како да ги инспирира луѓето да се облекуваат и да бидат како него . Слични промени во модата се случиле и во Блискиот Исток од 11 век, по доаѓањето на Турците, кои ги претставиле стиловите облека од Средна Азија и Далечниот Исток.
Почетоците на навиките на европа за постојано и значително менување на стилот на облека може да бидеме прилично сигурни дека датираат од средината на 14 век , во кој историчарите ги вклучуваат датите од кога Џејмс Лејвер и Фернанд Бродел почнале да ја следат западната мода . 14-от век бил период во кој разликата меѓу половите почнал да стапува на сила. Некои делови од облеката се променила , облеките кои се зацврстувале со врквка сега се појавиле копчињата и се смениле со нив . Во овој период може да видиме како традиционалниот стил се сменил и се претворил во нов помодерен стил . Многу луѓе во тој период носеле големи , широки облеки и шилести обувки , но сфатиле дека сакаат ачишта кои самите ќе си ги преработеле правејќи ги по теснни .
Најдраматичната случка била ненадејното драстично кратење и теснење на машките работнички алишта правејќи ги со должина над колена кои едвај ги покривале нивните задници а во некои случаи ставале и додатоци на градите за да изгледале поголеми . Ова ја создаде специфичната Западна машка линија на горен дел изработен по мерка под кои се носат хеланки или пантолони. Стапката на промена на облеката значително се менуваше следниот век , и во машката мода и во женската , особено за облекувањето и за украсувањето на косата , стана подеднакво сложена и сменета. Историчарте на уметноста се способни да ни ја претстават модата во слики со зголемена доверба и прецизност. Првично промени во модата доведе до фрагментација на она што претходно имало многу слични стилови на облекување низ високите класи во Европа, како и развојот на различнни национални стилови. Овие останаа многу различни сè додека контра-движење во 17-ти до 18 век не наметна слични стилови повторно, во најголем дел потекнуваат од Античкото управување на Франција .
Десет портрети од 16 век на Германски или Италијански џентлмен покажал 10 различни шапки и во овој период националните разлики беа на свое ниво најизразени, откако Албрехт Дирер, истакнат по неговиот современ или мешан контраст од модите во Нирнберг и Бенетјем на крајот од 15ти ек . на крајот од овој век ,,Шпанскиот стил започнал да се враќа кон синхронизацијата на Европејците од високите класи , и по борбата во средината на 17 век, францускиот стил решително го презеде водството, и тој процес завршил во 18 век. Иако боите и дезените на текстилоѕ менувале од година на година, кроевите на палтата на еден господин и на должината на неговиот елек, или моделот на кој на фустанот на една дама и биле направени промени но за поспоро време .Машката мода во голема мера произлегуваат од воените модели, и промените во европски машката силуета се поттикнати од театрите на европската војна, каде што господата полицајци имале можности за да заработат белешки на странски стилови: како на пример е "Steinkirk" краватата или вратоврската. Четирите најголеми модни градови се назначени да бидат : Милан , Њујорк , Париз и Лондон . во сите овие градови се одржуваат модни недели , каде што дизајнерите ги изложуваат на публиката нивните нови колекции на облека а сите се газди на најголемите модни куќи и се познати по нивното големо влијание на светската мода. Модерните западњаци имаат достапен висок избор на облека. Она што човекот сака да го носи или го носи ја одразува неговата личност. Кога оние кои иаат висок статус во опѓеството почнат да носат различна облека , тогаш започнува нов моден тренд . Оние луѓе кои ги сакаат и почитуваат нив почнуваат да носат облека со сличен стил. Овој стил е создаден од многу модни творци низ целиот свет.
Модата можат да влијаат зависно од опшеството според годините , општествената класа , генерацијата, занимавањето и местоположбата каде живеат . На пример ако постар човек се облекува според модата на младите луѓе тој или пак таа може да изгледаат засмејувачки во очите и на младите и на старите луѓе. Терминот жртва на модата се мисли за некој кој зависно ги следи моменталните стилови и мода. Исто така е многу важно да се искаже благодарност на Источната мода. Во последниве години , Источната мода имаше многу силно влијание за влезот во светската мода и поп културата. Државите како Кина , Индија , и Пакистан имаат огромна текстилна индустрија , исто така тие и развиваат мода која е тесно поврзана со нивната култура. Модата отсекогаш била инсрација за модните творци низ цеиот свет . Секоја година се пуштаат во продажба нови колекции со ориентален и индиски влијанија. Славните личности на настанните на црвениот тепих ги поддржуваат биндите и сарите.