Мохаве (пустина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мохаве е пустина која што се наоѓа во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави, зафаќајќи делови Калифорнија, Невада, Јута и Аризона. Своето име го добила по истоименото старо-индијанско племе кое сѐ уште постои и населува делови од неа. Терминот Mojave потекнува од шпанскиот јазик додека Mohave доаѓа од англискиот јазик. И двете имиња се користат и денес, иако Индијанското племе официјално го користи изразот Mojave; збор кој е скратена форма од "Hamakhaave, нивниот ендоним на нивниот мајчин јазик, што значи "покрај вода". Пустината зафаќа површина од 57 000 км2. Често се нарекува и “Високата пустина”. Причина за тоа е што поголемиот дел од неа е со надморска височина над 600 м, но тука се наоѓа и Долината на Смртта која е најниската точка во целата Северна Америка со своите 86 м под нивото на морето. Поголемиот дел од пустината Мохаве е ретко населен, иако може да се сретнат неколку поголеми градови, вклучувајќи го Ланкастер, Палмдејл и Викторвил во Калифорнија, како и најголемиот Лас Вегас и градот Хендерсон во Невада. Пустината предизвикува голем интерес кај научниците затоа што содржи голем број ендемски видови растенија и животни.
Пустина Мохаве | |
Hayikwiir Mat'aar (Мохаве)[1] | |
Пустина | |
Калико басенот во Ред Рок кањонот близу Лас Вегас | |
Земја | САД |
---|---|
Подрачје | Калифорнија, Невада, Јута, Аризона |
Се граничи со | Голем пустински басен (север) Сонорска пустина (југ) Колорадо плато (исток) Колорадо пустина (југ) |
Реки | Мохаве река |
Координати | 35°0.5′N 115°28.5′W |
Највисока точка | Чарлстон Пик 11,918 ст (3,633 м) |
- местоположба | Пролетни планини |
- координати | 36°10′11″N 117°05′21″W |
Најниска точка | Бедвотер басен −279 ст (−85 м)[2] |
- местоположба | Долина на смртта |
- координати | 36°51′N 117°17′W |
Површина | 124.000 км2 |
За јавноста | Мохаве Национални паркови Долина на смртта Дрвото Џошуа Зион Големиот Кањон на Колорадо |
|