Музеј на илегалните работилници за време на НОВ
музеј во Скопје / From Wikipedia, the free encyclopedia
Музеј на илегалните работилници за време на НОВ — меморијален музеј во Скопје, единствен од ваков вид во Македонија.[1] Музејот вусшност претставува илегална партизанска оружарница од времето на Втората светска војна, во која посетителите преку екрани и таблети можат да видат како се правело оружјето за време на Народноослободителната борба во Скопје. Во работилницата која се наоѓала во семејната куќа на електромеханичарот Серафим Видовски од 1941 до 1944 година тајно се изработувало оружје и мини за партизаните од Првиот скопски партизански одред. Во 1981 година оваа работилница била пренаменета во Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ, но со години не бил отворен за посетители оти немало услови за негова работа. Куќата е урната, но визбата е автентично зачувана, и се наоѓа на истото место во зградата на Стопанска банка. Поставката во просторот е реализирана пред неговото отворање, на 12 ноември 1981 година. [2]
Основан | 12 ноември 1981 (Како спомен куќа на НОБ) 4 јануари 2018 (реотворен) |
---|---|
Место | ул. „Пајкова“ бр. 2 Скопје, Македонија |
Тип | меморијален музеј |