Народна Република Македонија
службениот назив на македонската држава во рамките на федеративна Југославија за време на периодот 1946-1963 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Народна Република Македонија — името на македонската држава од 8 март 1946 до 12 април 1963. Претходниот назив на државата бил Демократска Федерална Македонија, а Президиумот на Народното Собрание го сменил називот поради уставните промени. На 12 април 1963 година, името на државата повторно било сменето во Социјалистичка Република Македонија, врз основа на Одлуката за прогласување на Уставот на Социјалистичка Република Македонија, донесена од Народното собрание на Народна Република Македонија, на заедничката седница на Републичкиот собор и Соборот на производителите.[1] Во 1991 година, по одржување на референдумското изјаснување, прогласена е независна Република Македонија.
Кратки факти Народна Република Македонија, Службен јазик ...
Народна Република Македонија
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Денес над Македонија |
||||||
Главен град (и најголем) | Скопје | |||||
Службен јазик | македонски | |||||
Уредување | еднопартиски систем | |||||
федерална единица на Југославија | ||||||
• | Одржување на АСНОМ и основање на државата под името ДФ Македонија | 2 август 1944 | ||||
• | од Кралство Југославија | 8 март 1946 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 25,713 км2 |
Затвори