Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
национална библиотека на Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (порано: „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“), скрат. НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСК — национална библиотека на Република Македонија и универзитетска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај ова, од 1960 наваму, таа е водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на Македонија.[4]. Фондот со кој располага НУБСК брои над 3 милиони единици.[5]
Зградата на НУБСК во Скопје | |
Земја | Македонија |
---|---|
Тип | национална, академска |
Основана | 23 ноември 1944; пред 79 години (1944-11-23) |
Законски налог | Закон за библиотеките [1] |
Место | Скопје |
Координати | 41°59′52.6″N 21°26′22.4″E |
Фонд | |
Збирка на | книги, ракописи, периодика, карти, партитури, снимки, ликовни дела, разгледници, микрофилм и др. |
Обем | 3 милиони |
Задолж. примероци | да[2] |
Пристап и употреба | |
Услов за членство | жители на Скопје на возраст од барем 16 г.[3] |
Други информации | |
Директор | Рахметула Куќи |
Службена страница | nubsk.edu.mk |
Карта |
Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка[6].