Образование
From Wikipedia, the free encyclopedia
Образование ( лат. educatus, educate, educere - изнесува, ducere - водење, едукација) е процес на промена на личноста во посакуваната насока со усвојување на различни содржини во зависност од возраста и потребите на поединци. Образованието вклучува и воспитни, покрај образовните содржини. Најзначајна образовна институција од образовно-воспитен карактер е училиштето. Со развиток на системот за комуникација образованието станува глобален процес каде е тешко да се усмерува само во саканиот правец на одредена социјална заедница.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните знаења, вештини и вредности од генерација на генерација. Во античките општества, образованието било достапно само на мал број луѓе. Верските великодостојници, често биле единствените кои го разбирале писмото. За повеќето, учењето претсавувало земање пример од постарите. Било вообичаено децата уште од мали да помагаат во домашните работи, во работата на поле или пак во занаетчиската работа. Читање не било потребно, ниту корисно. Друга причина за нечитањето е тоа што сите текстови биле рачно умножувани, а тој процес бил долг и тежок. Печатењето влегло во Европа преку Кина. Пронаоѓањето на машината за печатење во 1454 го олeснило умножувањето на текстовите. Ова довело до повисоко ниво на писменост.
Образованието во својата модерна форма, која вклучува обука во посебно изградени објекти, почнало да се развива постепено. И покрај тоа до пред 150 години децата на побогатите имале приватни учители. Поголемиот број од населението немале никакво образование до првите децении од 19 век, кога во Европа и САД почнал да се воведува системот на основно училиште. Процесот на индустријализација и експанзија на градовите предизвика потреба за специјална едукација. Луѓето денес работат во многу професии и користат разни стручни знаења, па затоа не е можно пренесување на знаењето од родителите на децата. Повеќето е истакнато апстрактното учење на некои дисциплини, а не како порано практично пренесување на некои специфични вештини. Веќе долго време, особено во развиените западни земји, е присутно домашното образование како алтернативно формално образование.
Во современото општество, луѓето треба да ги научат основните вештини како што се читање, пишување и математика и да добијат општо познавање за нивната физичка, социјална и економска средина. Во исто време, важно е да се знае како да научите, за да би биле во состојба да ги совладате новите и технички сложени облици на информација. Современиот образовен систем почнал да се оформува во западниот дел на почетокот од 19 век, иако властите во Велика Британија, за разлика од другите земји, се колебале дали да прифатат еден интегриран систем на национално ниво (задолжителното образование било воведено во 1870 година). Кај нив се развил систем на приватни училишта каде што наставата се плаќа, особено на ниво повисоко од основно. Во оваа смисла, денес се води остра дебата за образовниот систем, каде што постои и училиштен систем под покровителство на верските заедници. Образованието во САД започнува од практиката на дисциплинирањето на децата, што во 17 век одиграло голема улога во верувањето дека децата мора да ги слушаат родителите без приговор, и тоа било вклучено во правилата и на првите американски колонии. Со одредбата во 1642 дебели и строги се казните за родителите и старателите кои ја занемаруваат обуката и работата на своите деца. Бидејќи тоа не било делотворно, пуританските власти во 1647 год. наредиле сами да го организираат школувањето. Тоа траело повеќе од 200 години за да се воведе сеопфатна едукација за голем број луѓе во САД. Посебен проблем е разновидноста на имигрантите, кои преку едукација треба да се лингвистички обединети, и до одреден степен културно англизирани. Во училиштата се направени и американските идеали за еднакви можности за сите, што доведе до развој на образованието и масовното ширење на образованието многу порано отколку во другите земји. Заедно со идеалот на еднаквоста и другите американски вредности и идеи продолжиле до денес помалку или повеќе експлицитно да се предаваат во училиштата.