Нормандија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нормандија (нормандски: Normaundie, француски: Normandie) — еден од регионите на Франција, приближно одговара на историското Војводство Нормандија.
Нормандија нормандски: Normaundie француски: Normandie | |||
---|---|---|---|
Земја | Франција | ||
Префектура | Руан | ||
Департмани | 5
| ||
Управа | |||
• Претседател | Ерве Морен (Нов центар) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 29.906 км2 (11,547 ми2) | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 3.322.757 | ||
• Густина | 110/км2 (290/ми2) | ||
Демоним | Нормани[1] | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
БДП (2015) | Грешка во Lua: во земјата | ||
Вкупно | &1000000000000090400000090,4 млј € | ||
По жител | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен збор „k“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен збор „k“}}27,2k € | ||
Мреж. место | www.normandie.fr |
Административно, Нормандија е поделена на пет департмани: Калвадос, Ер, Манш, Орн и Поморска Сена. Регионот опфаќа 29.906 км2.[2] Со население од 3 328 364 жители согласно пописот од 1 јануари 2016 (RP INSEE 2013), населеноста на Нормандија изнесува 111 жители на км2 формирајќи околу 5% од територијата на Франција. Климата е океанска. Средните температури се 6 °C во зима и 17,5 °C во лето[2].
Жителите на регионот се Нормандијци кои водат потекло од Норманите. Јазикот е нормандски.
Историскиот регион на Нормандија го подразбира денешниот регионот Нормандија, како и мали области кои сега се дел од "департманите," или областите Мајен и Сарт. Каналските Острови (кои Французите ги нарекуваат воедно Англонормандски Острови) историски се дел од Нормандија; тие покриваат 194 км2[3] и се состојат од: Гернзи и Џерси, кои денес се под власта на Британската Круна и каде кралицата Елизабета II е Војвода на Нормандија.[4]
Името на Нормандија е изведено од населбата главно составена од дански и норвешки викинзи (Нормани) од 9 век, и потврдено со договор во 10 век помеѓу кралот Карло III од Франција и ерлот Роло од Мере, Норвешка. Век и половина по норманското освојување на Англија во 1066, Нормандија и Англија биле поврзани со нормански и франкиски владетели.