Одземање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Одземањето е аритметичка операција со чија помош од познатиот збир и еден собирок се определува другиот собирок.[1] Таа е една од четирите основни бинарни операции и е обратна на собирањето, што значи ако на еден број му додадеме друг, па истиот го одземеме, тогаш се враќаме на бројот со кој сме почнале. Одземањето се означува со знакот минус („-“).
Повеќе информации Основно сметање, Собирање (+) ...
Основно сметање | |
---|---|
Собирање (+) | |
собирок + собирок = | збир |
Одземање (−) | |
намаленик − намалител = | разлика |
Делење (:) | |
деленик : делител = | количник |
Множење (⋅) | |
множител ⋅ множеник = | производ |
Степенување (^) | |
основастепен = | степен |
Коренување (√) | |
показ √поткор. гол. = | корен |
Логаритам | |
logосн(степен) = | показател |
Затвори
Бидејќи одземањето не е комутативно, членовите на операцијата имаат свое име. Во равенката: c − b = a c се вика намаленик, b се вика намалител, а резултатот се вика разлика. За одземањето не важи ни својството асоцијативност, туку тоа е антикомутативна и лево-асоцијативна операција.
Со одземање се пресметува намален број, намалена количина, намален износ и растојание меѓу места.