Окрузи во Шведска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окрузите во Шведска (швед. län = лено) се првостепени административни единици во Шведска. Во земјата има 21 округ. Воведени се во 1634 на иницијатива на грофот Аксел Оксенхерна со цел да ги заменат историските покраини (landskap). Границите на окрузите честопати ги следат покраинските граници, но Круната на многу наврати вршела мали поместувања за сопствени цели.
Постојат предлози Шведска да се подели на поголеми региони што ќе ги заменат сегашните окрузи, меѓутоа ова е сè уште предмет на спор и расправа.