Покраини во Шведска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Покраините во Шведска (швед. landskap) се историски, географски и културни области. Во земјата има 25 покраини, кои денес немаат никаква политичко-административна функција, туку претставуваат културно-историска оставнина од минатото.
Сè до 1634 неколку од нив административни единици во составот на Шведска, но потоа биле заменети со окрузи (län). Некои подоцна биле освоени од Данска–Норвешка. Други, како историските покраини во Финска, засекогаш отпаднале од Шведска. Лапонија е единствената покраина стекната со колонизација.
Во некои случаи окрузите речиси наполно соодветствуваат на покраините. Ова е случај со округот и покраината Блекинге, како и округот, покраината и општината Готланд. Иако границите не им се совпаѓаат сосема, Херједален е единствената општина, заедно со Готланд, што носи име на покраина. Административните единици подложат на менување на нивните граници, додека пак покраините ги зафаќаат истите подрачја со векови.