Омлоп Хет Ниусблад
белгиска велосипедска трка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Омлоп Хет Ниусблад (холандски: Omloop Het Nieuwsblad; претходно позната како Омлоп Хет Волк) — годишна професионална велосипедска еднодневна трка за мажи и жени, која почнувала и завршувала во Гент, Фландрија, Белгија. Вообичаено се одржува кон крајот на февруари. Претставува воведна трка во белгиската велосипедска сезона како прва трка во годината во северозападна Европа и поради тоа има значаен престиж.[1] Во 2017 година, трката била вклучена по првпат во Светската турнеја.[2][3] До 2016 година била 1. HC трка во Европската турнеја.
Том Бонен на почетокот на трката во 2009 година | |
Датум | крај на февруари |
---|---|
Регион | Фландрија, Белгија |
Месно име | Omloop Het Nieuwsblad (холандски) |
Прекар | Омлоп Воведен класик |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI (2017-) |
Вид | еднодневна трка |
Директор на трката | Вим Ван Херевеге |
Прво одржување | 1945 (1945) |
Одржувања | 77 (до 2022) |
Прв победник | Жан Богертс (БЕЛ) |
Најмногу победи | Јозеф Бријер (БЕЛ) Ернест Стеркс (БЕЛ) Петер ван Петегем (БЕЛ) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Ваут ван Ерт (БЕЛ) |
Трката започнува и завршува во Гент, Фландрија, поминувајќи низ ридовите во областа Фламански Ардени, означувајќи го почетокот на сезоната на калдрмисаните класици во Европа. Поради својот ран датум во календарот, често се соочува со ладно време, што е целосна спротивност на раните етапни трки на Средниот Исток и во Јужна Европа.[4] Следниот ден се одржува Курне-Брисел-Курне со што се заокружува воведниот викенд.
Од 2006 година истиот ден се одржува и женско издание, започнувајќи и завршувајќи на истото место во должина од околу 130 километри. Обата настани се организирани од Фландриски класици.