Операција Оверлорд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Денот Д или Операција „Оверлорд“ — нарекува воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија, преку каналот Ламанш, која започнала на 6 јуни 1944.
Ова била една од завршните операции од Втората светска војна, со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција, Бенелукс и Данска. Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целокупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).